Во текот на 2023 година имало 89 денови со загаден воздух, односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен, покажуваат сите 12 месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово.
Епископот Антаниски г. Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир во неговото Слово пред гостите во манастирот за време на Бадниковата вечер, во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ изрази задоволство од големото присуство на верници.
Сите македонски семејства синоќа ја испочитуваа традиција со месење бадниково лепче со паричка и со посна вечера а денеска со заеднички ручек со семејствата.
Владиката Петар го благослови Божикниот ручек за децата и порача дека треба да се раководиме од искреноста на децата и така да ги усогласиме постапките.
Деновиве на социјалните мрежи и во разговорите меѓу гостиварци, исто како и кон крајот на летото и во овој период секоја година се коментира колку нашинци се дојдени во родниот крај.
Жителите на Речица се револтирани зошто токму кај нив се закопуваат угинатите свињи од африканска чума
На празникот посветен на Раѓањето Христово - Божик, неговото преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко денес чиноначалствуваше во храмот посветен на „Успение на Пресвета Богородица'' во Делчево.
Сѐ уште ги собира искуствата и впечатоците. Секоjдневно учи за македонската клима, традцииите, начинот на живот.
Се роди Царот, најмоќниот, за да може и најмалиот да стане и да извика – ние сме царски деца. Победник се роди, непобедливиот, да ги одбрани праведниците, да ги придобие грешниците, да ги собори злите духови под небото.
По повод празникот, честитки до православните верници, упатија градоначалниците на општина Дебар, на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа.