Снежната покривка во Македонија е највисока во Маврови Анови каде се измерени 66 сантиметри. Во Крушево има 27 сантиметри снег, 23 се измерени во Тополчани, 21 во Битола, 14 Попова Шапка и 11 сантиметри во Лазарополе и Пожаране.
Водостојот на Треска кај Македонски Брод е за осум пати понизок од просечниот за јануари, а на Сатеска кај Ботун за повеќе од двојно, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, информира ЈП Македонијапат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Досегашните минимални температури забележани во државата нема да предизвикаат штети врз земјоделските култури, а моменталните ниски температури не се невообичаени за овој период и многу често ги имало во овој период од годината, порачуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Децата од Прилеп, Скопје, Битола, Крушево, од Штип, Демир Капија и од други градови, децата од сите верски заедници во земјава беа заедно, се дружеа, радувајќи му се на празникот и упатувајќи ги пораките за радост, среќа, за безгрижно детство.
Ниските температури, што го зафатија Охрид деновиве доведоа до мрзнење на делови од Охридското Езеро.
-Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади.
Поради интензивни врнежи од снег во 11:30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти ЈП Македонија пат.
Во Куманово, наскоро ќе биде отвoрен Центар за продолжен престој на ученици со попреченост, опфатени во образованието во паралелките кои функционираат во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци, за децата кои се опфатени во инклузивното образование и генерално за ученици со попреченост на подрачјето на градот.