Земјоделците не се заштитени, ниту доволно едуцирани и обучени да се соочат со предизвиците и опасностите во работата на земјоделските површини. Потребна е поголема едукација, но и залагање на институциите, констатираат од прилепското здружение „Достоинствен работник“ кое го завршува шестмесечниот преокт насловен „Превентивна култура за безбедноста и здравјето при работа кај земјоделците во Прилеп и во Пелагонискиот регион“.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за време на денешната работна посета на Општина Битола, ќе присуствува на отворањето на нова градинка во село Кравари.
Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково, информира диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.
Општина Росоман ги доби првите пешачки премини во непосредна близина на росоманското основно општинско училиште „Пере Тошев" што имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците чија фреквенција е голема во тој дел.
Советот на општина Велес ја усвои Програмата за изменување и дополнување на активности на општината во областа на културата за 2019 година, со која се намалуваат предвидените средства за манифестации, поддршка на локалните установи од областа на културата и за поддршка на проекти од невладиниот сектор.
Со цел непосредно да се чујат барањата и потребите на жителите и во рамки на можностите да бидат опфатени во Нацрт- буџетот за 2019 година, во општина Маврово и Ростуше во тек се средби со претставници на месните задници.
В недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 15:40 часот ќе се одржи ревијален турнир во мал фудбал меѓу локалната и централната власт.
Корисничкиот енерго центар на ЕВН Електродистрибуција во Кавадарци, од понеделник се сели во нови простории на ул. „Индустриска“ бб, 1440 во Неготино.
Надминување на меѓуетничките недоразбирања меѓу младите преку нивно запознавање и дружење беше целта на денешната работилница „Да создадеме поправеден свет“, што се реализира во рамки на проектот „Зајакни се, подобри ја твојата заедница“, поддржан од УСАИД, а го спроведува здружението Локална агенција за развој- Струга.
Фондацијата Никола Јанчев донира 36 илјади евра за 120 прочистувачи на воздух во основните училишта во Кавадарци.