Учествуваат 14 индивидуални производители на вино и производи од грозје, како и средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров”, во кое учениците го учат занаетот за правење вино, под надзор на своите професори.
Во организација на КК „Ветерани“ од Струмица денеска и утре во салата на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, ќе се одржи меѓународен кошаркарски турнир за ветерани.
Сообраќајот на магистралниот пат Скопје-Приштина од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник од утрово е во прекин во двата правца, за влез и излез од Косово, поради изведување градежни работи.
Свети Климент е нашиот прв учител, прв оригинален словенски писател, прв словенски епископ и основоположник на Првиот словенски универзитет и Првата словенска православна црква.
Со пригодна средба СВР – Охрид денеска го одбележа 9 Декември – Денот на превенцијата и превентивното полициско работење. Оваа година навршуваат десет години од оформувањето на Одделението за превенција при СВР – Охрид како активност насочена кон превентивната работа на полицијата и на нејзината транспарентност.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска извршија обикола во реконструираните училници.
Владата на Република Македонија и одобри на општина Гевгелија 60,7 милиони денари за плаќање на стари долгови кон доверителите. Основните буџетски приходи на општината за наредната 2019 година, наместо планираните 215 милиони денари, сега ќе изнесуваат 275,6 милиони денари.
Нов мост на реката Пчиња на регионалниот пат Петровец – Свети Николе ќе биде изграден во следните 15 месеци. За него ќе бидат инвестирани 950 илјади евра обезбедени од буџетот на јавното претпријатие за државни патишта.
Во Росоман почнаа обуките за користење сопствени ресурси за развој на туризам и бизниси во рамки на проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата” што го спроведува Фондацијата „Тиквешки вински пат” со поддршка на Министерството за економија.
Едно лице го загубило животот, три се здобиле со тешки и 41 лице завршило со полесни телесни повреди, додека во 29 несреќи била причинета само материјална штета во вкупно 61 сообраќајна несреќа што во текот на ноември се случиле на поширокото тетовско подрачје, информираа од СВР Тетово.