Централната манифестација во рамки на чествувањата по повод патрониот празник на Охрид, 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во хотелот „Инекс Горица“.
По долгата и топла есен, метеоролозите за наредниот период најавуваат пад на температурите, постудено време, снег на повисоките места и „конечно“ вистински почеток на зимата. Иако сончевото време на сите возачи им оди во прилог, не треба да се заборави фактот дека во зима снегот и мразот се главни „учесници“ во сообраќајот на патиштата, а возачите треба да се прилагодат на нив и на условите за возење кои ги создаваат.
Магистралниот пат од Качаник до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Македонија денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности на автопатот „Арбен Џафери“ што ги поврзува Приштина и Скопје, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Температури под нулата изутринава има во цела Македонија, а најниските се измерени во Берово -10 степени и во Скопје минус осум.
Работилница насловена „Климатските промени-реалност или илузија“ ќе се одржи денеска во Музејот на илузии во Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На работилницата ќе се обрати заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули.
Проектот Клиничка болница во Штип и натаму е заглавен. Не се работи ништо, а нема ниту информации кога и како ќе продолжи изведбата. Градежните активности се стопирани откако компанијата Бетон од Штип која е и подизведувач на проектот се соочува со финансиски проблеми, но и е дел од истрагата Империја на СЈО.
Активистите и советничката група на граѓанската иницијатива “Поинаку“ од Битола, денеска организираа протестен собир пред општинската зграда против аерозагадувањето, блокирајќи го сообраќајот на булеварот.
Градоначалниците на Штип и на Прилеп Благој Бочварски и Илија Јовановски денеска се сретнаа со претставници од компанијата „Витаминка“ што инвестира во општина Штип.
Поради изведување градежни работи на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани Елези“ – Качаник, утре и задутре ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци за влез и излез од Косово.
Вкупно 67 крвни единици беа собрани на денешната крводарителска акција во Делчево. Организатор беше Општинската организација на Црвен крст од Делчево, која акцијата ја спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.