На Меѓународниот ден на руралните жени кој Националната федерација на фармери го одбележа во Битола, претседателката Силјановска Давкова нагласи дека глобалната криза во светот најголем импакт предизвика врз руралните жени.
На 17 октомври кога е предвидено изведување на показната вежба, од 10 до 13 часот забрана за движење ќе има и на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“, истакнуваат од СВР Охрид.
Педесетина професори и технички лица кои се вработени во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница денеска ја бојкотираа наставата и излегоа на протест за да го искажат незадоволството од разрешувањето на директорот на училиштето.
УХМР најавува дека од четврток облачноста ќе се зголеми, а во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и пониски температури за 5 до 7 степени.
Од донираните средства и собраните намирници во кампањата, посочуваат, ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Проблемите со аерозагадувањето лоцирани со ова истражување, Мираковски посочи дека ќе бидат искористени за изработка на планови за квалитет на воздухот.
Амбасадата на Шведска во Скопје четврта година по ред отвора конкурс за позицијата „Амбасадорка на еден ден“.
Овој голем верски празник, како што истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, е длабоко вкоренет во православната вера и традиција кај каменичани.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека се исплатени 216.712.603,00 денари на 4 430 млекопроизводители. Висината на директните плаќања е пет денари за литар кравјо и шест денари за литар овчо и козјо млеко.