Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани успешно локализираа пожар од поголеми размери што избувна во непосредна близина на станица за точење гас на влезот во градот.
Поради релативно топлото време и позитивните температури на воздухот се очекува топење на снегот кој падна во изминатото деноноќие и тоа на местата пониски од 1.500 метри надморска висина со што ќе биде зголемен приливот на вода во речните корита и суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Општина Штип распиша тендерска постапка за изработка на нов Генерален уранистички план (ГУП). Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека од општинскиот буџет предвидени се над пет милиони денари со ДДВ, за изработка на оваа урбанистичка документација, која ќе одреди во која насока ќе се развива градот, но и каде ќе се градат нови фабрики, станбени згради и куќи.
Со положување букети цвеќе пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово повеќе здруженија, политички партии, ученици и граѓани денеска одбележаа 74 години од ослободувањето на градот во Втората светска војна.
Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“, концесионер на проектот Иловица-Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претстави економските придобивки и мерките за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица-Штука, информираа денеска со соопштение до јавноста од оваа компанија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 120 метри има на планинскиот превој Стража, информира ЈП Македонијапат.
Кога сакаме да најдеме нешто на „Гугл“, скоро секогаш ни се појавува „Википедија“. И тоа, како прв или втор „извор“. Можеби денес никој веќе нема проблем да се служи со англискиот, српскиот или хрватскиот јазик, но, колку од бараните информации се достапни на македонски, испишани кирилично? Кој ги полни тие страници и колку се веродостојни?
Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Маврово каде е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. Снег има и во Крушево и Лазарополе 18, Попова Шапка 17, Тополчани 16, Претор 14, Битола 13, Берово и Ѓуриште 10 сантиметри.
Укинати се сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци. Врнежите од снег се престанати на секаде.
Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.