Зголемено ниво на реките во однос на просекот за септември се бележи денеска на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, како и на Црна Река кај Новаци и на Црни Дрим кај Ложани.
Штипските ловџии се подготвуваат за старот на сезоната за отсрел на крупен дивеч. Сезоната ќе ја почнат со хајка за диви свињи поради реакцијата на земјоделците од лакавичкиот регион за направените штети.
Тој нагласува дека во моментов, со поддршка на локалната самоуправа, се бара локација на која би можела да се премести фигурата на “златен орел”.
Со својата природна убавина, езеро, планини, национални паркови, богато културно наследство и потенцијал за рурален туризам, Преспа станува магнет за туристите.
Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)
„Безбеден прекуграничен транспорт на опасни радиоактивни материјали“ е насловен проектот што ќе биде промовиран денеска во Дојран.
По повод Светскиот ден по Прва помош - 8 Септември Црвен крст на Град Скопје денеска на „Рекорд“ во централното градско подрачје во Скопје ќе организира симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа.
Поздравни обраќа и говори ќе имаат Владимир Радевски, вицеректор за академски прашања на Универзитетот, Мишо Докмановиќ од Правниот факултет при УКИМ и Денис Фарингтон, претседател на Управниот одбор на Универзитетот.
Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија во рамките на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе одржат трибина на тема „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“.
„Институт за наука уметност култура и спорт“ и The Yard Lounge Bar Куманово се организатори на фестивалот „Кumanovo hangout music festival“ , кој ќе се одржи на 14 и 15 септември, информираше денеска, уметничкиот директор Филип Стевановски.