Меѓународна конференција за корупцијата во високото образование ќе се одржи денеска на Универзитетот на ЈИЕ - кампус Скопје.
Конференцијата е организирана од американската Амбасада во земјава.
Поздравни обраќа и говори ќе имаат Владимир Радевски, вицеректор за академски прашања на Универзитетот, Мишо Докмановиќ од Правниот факултет при УКИМ и Денис Фарингтон, претседател на Управниот одбор на Универзитетот.
Конференцијата ќе има три пленарни сесии на следниве теми - „Корупција во високото образование“, „Превенирање на корупцијата преку образование“ и „Свиркачи - заштита во високото образование“