Стуткано во подножјето на планината Сува Гора, во крајот што Албанците го нарекуваат Мелесија, селото Трново десет месеци е мирно, речиси здодевно. Во него, едвај триесетина фамилии живеат постојано.
Во Берово официјално почна кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство за идентификација и регистрација на домашните миленици и во Берово.
Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, ја оствари својата цел, и со точак на три тркала ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон.
Конференција на тема „Шар Планина - треба ли да биде прогласена за Национален парк“ ќе се одржи денеска во селото Доброште во општина Теарце, во организација на Балканскиот институт за регионална соработка.
Во Делчево се одвиваат главните активности од Пијанечко-малешевската свадба, манифестација која по 12-ти пат се одржува во Делчево.
Честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија упати братството на манастирот „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски манастир.
Волонтерите на штипската организација на Црвениот крст денеска со делење на едукативни флаери на кои се испишани пораки до учесниците во сообраќајот го одбележа Светскиот ден на прва помош.
Најмалку 60 деца од претшколска возраст останаа на листите за чекање во двете градинки во Штип. Најмногу се чека за прием во објектите на градинката „Астибо“ каде, што како што вели директорката Билјана Трајчевска, имаат 50 дечиња кои чекаат да бидат примени во еден од клоновите низ штипските населби.
Натпревар во играње табла по 16 пат се реализира во Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.
Навремено и правилно укажана прва помош на повредени во сообраќајна незгода може да направи значајна разлика меѓу животот и смртта, е пораката на Општинската организација на Црвениот крст – Ресен на симулациската вежба за сообраќајна незгода и извлекување повредени што се одржа во дворот на гимназијата „Цар Самоил“ по повод Светскиот ден на првата помош – 8 Септември.