Вкупно 40 крвни единици беа собрани во рамки на редовната крводарителска акција која денес во организација на Општинската организација на Црвен крст се спроведе со крводарителите од Делчево. Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје од каде изразија задоволство од масовниот одзив на хуманите граѓани од Делчево.
Решен е проблемот со пациентите кои подлежат на хемодијализа во Дебар, а кои изминатите неколку недели за таа услуга беа принудени да патуваат до Струга.
Општина Пробиштип денеска спроведе акција за заловување кучиња скитници во централното градско подрачје.
Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите.
Општина Велес информира дека утре од 5 до 6:30 часот наутро ќе се изведе трето авионско прскање против комарци.
Ставен е во функција новоизградениот ловечки дом во Неготино. Средствата за реализација на овој проект целосно се обезбедени од буџетот на општина Неготино, а новиот дом на Ловечкото друштво „Вардар“ е со површина од над 90 метри квадратни и е лоциран во кругот на старата гимназија.
Сообраќајот на локалниот пат Желино – Јегуновце, кај село Сиричино, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин, е нормализиран, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Директорот на штипското Комунално претпријатие „Исар“ Живко Тасев под чија надлежност е работната единица ЗОО парк изјави дека се свесни оти мечето Теди нема доволно простор за живеење. Посочи дека веќе имаат решение за што се обратиле и до донаторот, лекарот Угриновски.
На магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица забележлива е појава на ситни одрони. Одроните создаваат тешкотии во сообраќајот, а се најизразени на потегот од магистралниот пат Делчево - Македонска Каменица од селото Очипала до село Илиово.
Десетина илјади туристи од земјава и од околните држави, претежно од Србија и Грција, денеска го наполнија Дојран како што доликува за главна туристичка сезона.