Шесте уметници-скулптори од Шпанија, Србија, Хрватска, Црна Гора и од Македнија интензивно работат на создавањето на своите дела, скулптури во мермер во кругот на Мермерскиот комбинат, а во рамките на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.
Во општините Кочани и Виница во моментот има три семејства кои згрижуваат деца без родителска грижа, иако постои потенцијал овој број да биде неколкупати поголем, за што е неопходна подобра информираност и мотивираност на граѓаните.
- На сите единици на Универзитетот во различен број некаде повеќе, а некаде помалку во зависност од големината на факултетот. Најмногу ќе бидат доделени на Факултетот за медицински науки вкупно 13, потоа на Природно-техничкиот факултет 10 партиципации, исто на Земјоделскиот факултет 10 партиципации..., вели Боев.
„Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш“, е насловот на написот што го објави вчера „Gastronaut.hr“, најголемата хрватска веб база на ресторани и рецепти.
Неделната хидролошка информација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажува зголемен водостој во однос на просекот за јуни на реките Пчиња кај Катлановска бања, Вардар кај Демир Капија и кај Велес, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци.
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска се сретна со жителите на селото Тремник. На средбата стана збор за актуелни проблеми и изноѓање решенија за нивно надминување, информираат денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
Непознати сторители синоќа урнале летниковец поставен покрај станбени објекти на улицата „Младинска“ во Струмица, во близина на ОУ „Никола Вапцаров“, соопштија денеска од ЈПКД „Комуналец“.
Во индустријата на лекови која се базира на опиум, и која цветаше во првата половина на 20 век, едно од клучните места имаше македонскиот опиум, и тоа не само на легалниот, туку и на црниот пазар, покажуваат новите истражување на историографичарите.
До 20 јули трае конкурсот за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџот во Солун, Грција.
Општина Куманово под покровителство на програмата Европа за Граѓани, во рамки на проектот „URGENT“, денеска беше домаќин на конференцијата на тема „Намалување на стигматизација во услови на мигрантска криза“.