Општина Куманово под покровителство на програмата Европа за Граѓани, во рамки на проектот „URGENT“, денеска беше домаќин на конференцијата на тема „Намалување на стигматизација во услови на мигрантска криза“. Во дебатата учествуваа градоначалникот Максим Димитриевски, претставници од општина Куманово и Европското движење на Македонија, претставници на Црвен Крст Скопје и Центарот за управување со кризи и невладиниот сектор. Куманово заедно со другите градови членки на Асоцијацијата на градови од повеќе европски држави преку проектот се обидува да ја дестигматизира бегалско-мигранстката криза, а целите појасни Горан Митевски, раководител од секторот за евроинтеграции, се да се дискутира и да се преземат искуствата од европските земји за овој процес, да се поттикне граѓанското учество, да се зголеми капацитетот на локалните институции да бидат мултипликатори во заедниците и да се ангажираат поголем број заинтересирани страни и да се воспостави мрежа со градовите од Европа кои директно или индиректно се зафатени од бегалско-мигранстката криза. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски истакна дека Куманово и локалното население пружија поддршка на мигрантите веднаш кога почна бранот и кога не се очекуваше негова ескалација. Професор Трпе Стојановски од Европско движење на Македонија рече дека Куманово е на точка на завршување на рутата и оти кризата имала влијание врз градот. Проектот вели е одличен пример како треба да се продолжи во наредниот период и поддршката што ја дава општината во справување со вакви појави. Мигрантската криза не е завршена, вели професорот, можни се нови бранови кои не можат ниту одалеку да се прогнозираат, но значајно е како Македонија како ќе се ориентира понатаму. Горан Стојановски од Транзитниот центар од Табановце вели дека Македонија има свој систем за справување со непогоди кој функционира од 2005 година и оти искуствата од претходните кризи, пред се бегалските, придонеле Македонија да се справи со кризата во 2015 година. Сандра Томовска од Црвениот крст на Град Скопје вели дека се уште од почетокот на кризата во липковскиот регион има мобилни екипи на Црвен Крст кои водат сособена грижа за мигрантите и бегалците особено за ранливите категории граѓани, мајки, деца, бремени кои се обидуваат да поминат низ Македонија кон северната граница и Европа. Задачата на мобилните тимови е да им се пружи здравствена заштита, да им се овозможи транспорт до кумановската болница и да озбезбеди храна. На трибината беше посочено дека не се знае точниот број на мигрантите и бегалците кои поминале низ Куманово и северната граница. Дневно низ Табановце поминуваа по 10 до 18.000 мигранти и бегалци. Илегалните рути се уште се присутни. Има и лица кои се враќаат во Грција, барајќи нови рути за нивниот пат кон посакуваната Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 17:24