Добитникот на нобеловата награда за медицина Ферид Мурад, кој има потекло од гостиварското село Лакавица, денес со потесното семејство престојуваше во Гостивар. Нему му беше приреден и прием од страна на гостиварскиот градоначалник.
Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а зголемен број возила има на граничниот премин Богородица за влез во Грција, соопшти АМСМ.
Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје од денеска почнува со кампања и превентивни активности за реализација на проектот „Лето без пожари“.
Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и Клиничката болница Аџибадем Систина, денеска на платото пред болницата ќе се одржи вежба за евакуација на пациенти, повредени, пресонал и посетители во случај на земјотрес.
Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2011 година во Струмица беше одбележана 17 - годишнината од загинувањето на Атанас Јанев.
Во македонското древно светилиште, Бигорскиот манастор и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, денеска заврши втората смена од годинешниот Летен камп по веронаука.
Во присуство на голем број гости од општествениот и политичкиот живот, меѓу кои и лидерот на ДУИ Али Ахмети, претставници на институции и граѓани, во локалитетот Косоврасти на „Дебарски Бањи-Цапа“ свечено е пуштен во употреба Аква-спаркот, најсовермен и единствен од ваков вид во Македонија.
На граничниот премин „Богородица“ има зголемен интезитет на возила, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија.
„Неорганизирано, неплански, нема редовен откуп, сега два дена нема откуп. Беше 10, па 12, 15 денари, сега падна на нула. Имаме предадено 14 тони, а има уште толку.“ – вели Васе Цветков производител од Просениково.
Десет јавни бибилиотеки во Струмица се подготвуваат за воведување нова услуга за кариерно водење.