Околу 1.500 граѓани на Охрид пројавиле интерес активно да се вклучат во големата еколошка акција „Мој Охрид, чист Охрид“ што денеска ќе биде спроведена на пошироката територија на градот и долж источното крајбрежје на Охридското Езеро.
Целта е поактивна и почеста употреба на велосипедот како превозно средство, како и поголема едукација на младите, со што директно ќе се влијае на подигнување на свесноста за здрави животни навики и позитивни сообраќајни ставови.
Македонски железници Транспорт АД Скопје им предлага на Грчките железници (TRAINOSE ) да се воведат возови на релација Скопје-Солун со можност во летниот период за продолжување до Платамона, како и за железничка врска Битола-Солун преку Лерин.
Во средните училишта во Македонија денеска од 10 до 14 часот ќе се полага испитот по мајчин јазик и литература во јунскиот испитен рок. Македонски јазик ќе полагаат 10119 матуранти, албански 4 474, а 373 се пријавени за турски јазик.
Раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Никола Бертолини денеска во Кичево на средба со претставници на граѓанските организации во Кичево се запозна со нивните активности и ги претстави плановите за насочување на средствата од ЕУ за поддршка на неразвиените региони.
Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица во партнерство со Здружението „Пирински туристички форум“ од Благоевград, организираше и спроведе 10 работни средби на новоизградената Мрежа за одржлив туризам "Прекуграничен забавен центар".
Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Република Македонија денеска организираше работилница за размена на искуства за остварување на правото на компензација на жртвите од трговијата со луѓе.
Швајцарската конфердерација ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка за реализација на 10 годишен проект „Образование за вработување во Македонија“ кој треба да започне годинава со цел да го подигне степенот на вработливост во државава.
На Градскиот плоштад во Охрид вечерва од 19 часот почнуваат активностите во рамки на годинашното издание на театарот под отворено небо„ Баскерфест 2018“.
Четири златни медали освоија македонските ученици во исто толку категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија.