Поради слабата информираност, младите во Источниот регион не учествуваат во донесување одлуки и креирање политики на локално ниво, беше речено денеска на конференција во Штип.
Според соопштението на косовското МВР по средбата, двете страни најавиле пораст на динамиката за функционализација на преминот, со цел да се обезбеди слободен проток на луѓе и стоки.
Општина Прилеп ќе ја зголемува економската, трговската и културната соработка и односите во областа на туризмот и спортот со Република Чешка.
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, денеска оствари работна средба со својот колега од грчката општина Пеонија, Христос Гунденудис со кого разговараа за досегашната заедничка соработка, како и можната идна соработка на различни полиња меѓу овие две погранични општини.
Во Македонија лани биле склучени 13.781 брак, а регистрирани се 1.994 разводи. Бројот на склучени бракови во 2017 година, во споредба со 2016 година, е зголемен за 4,4 проценти. Најмногу бракови, 1.771 или 12,9 проценти се склучени август, а најмалку во март, 764 или 5,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Општинската администрација на Гостивар за време на месецот на рамазанските пости со работа ќе почнува час и половина подоцна. Одлуката на локалната самоуправа е објавена на влезот од зградата и на веб страницата и ја потврдија од службата за информирање.
Градоначалниците на Струга и на Вевчани, Рамиз Мерко и Сашо Јанкоски, денеска во Струга ја потпишаа Иницијативата за заштита на планината Јабланица и нејзино прогласување за заштитено подрачје од категорија „национален парк“.
Согледување на постоечката состојба, предлагање најсоодветни предлози за идниот развој на туризмот и угостителството, иницирање конкретни решенија за предложените законски промени, како и дополнување на легислативата се целите на инфо-сесијата.
Триесет земјоделци-грантисти од Струмица и Радовиш, кои добија опрема во вредност од 300 илјади денари за своите проекти, на работилници учат како да менаџираат со агробизнисот во рамките на проектот „Управување со сливот на реката Струмица“.
Годинешната матурска парада ќе се одржи на 18 мај, точно напладне, во Скопје на плоштадот Македонија, посочи Елизабета Кузмановска од Дирекцијата за култура и уметност.