Општина Штип прави анализа за воведување јавен градски превоз. Се собираат информации од општините, каде што веќе функционира. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски вели дека имаат неколку решенија за воведувањето на јавниот градски превоз.
Општина Тетово поседува човечки и институционални капцитети за подготовка на проекти со кои би се добиле средства од ИПА 2 програмата на Европската Унија но сепак мора да се работи на надградување на човечките капацитети и зголемување на соработката со невладиниот сектор.
Невремето со град кое синоќа го зафати Радовиш предизвика штети во градското подрачје.
Итно враќање на градобијната заштита со цел намалување на штетите од град врз земјоделските култури бараат земјоделците од Преспанскиот регион.
Водостоите на трите природни езера и на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за јуни, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Професори и експерти по безбедносни прашања од 15-тина држави учестуваат во работата на деветата Меѓународна научна конференција „Реформи на безбедносниот систем како предуслов во евроатлантските интеграции“.
Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година за новата академска година.
За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.
Град со големина на лешник попладнево падна во Радовиш.
Повеќе од 200 велосипедисти, планинари и рекреативци од цела Македонија учествуваа на планинско-велосипедскиот фестивал „Осоговска авантура“ што годинава вторпат се одржа на Осоговските Планини.