Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон денеска организира тркалезна маса по повод Европскиот ден на органодарителство, кој се одбележува под мотото „Дарувај орган – подари живот“.

Од Здружението информираат дека нивните активности во врска со Европскиот ден на органодарителство се насочени кон подигнување на јавната свест и едукација на целокупното население за потребата и значењето на донирањето органи и ткива и трансплантацијата воопшто.

Во рамки на тркалезната маса здружението Нефрон во соработка со надлежните институции, здравствените професионалци, трансплантираните пациенти, дарителите на органи и оние кои имаат потреба од подарен орган – пациентите на дијализа, ќе одржи кратка презентација на состојбите во државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2017 12:04