Меморандум за соработка меѓу Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Црвениот крст беше потпишан денеска во Скопје.
Заинтересираните треба да поднесат документи во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Велес најдоцна до 21 октомври годинава за користење под закуп на еден од вкупно 29 станови со површина од 38 до 42 м2 .
Хит-комедијата „Барам причина за брак“ на градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Хрватска, синоќа ја одушеви публиката во преполната сала на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.
Преспанско Езеро од албанска страна, кај Пустец, порибено е со над 620 илјади единки подмладок од автохтон крап, објави министерката за земјоделство и рурален развој Анила Денај.
Проектите на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија ја подобрија туристичката понуда на Лесковац и Крива Паланка, а проектот на Лесковац со Албиз и Алка од Скопје го зајакнаа вработувањето кај младите, јави дописникот на МИА од Белград.
Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.
Со изборот и прогласувањето на жетварската убавица за 2024 година, синоќа беа отворени 33. „Денови на кочанскиот ориз“. Марија Стаменкова од Кочани ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.
Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, утре ќе настапи позначителна промена на времето.