Во обраќањето Муцунски истакнал дека „жртвата на хероите од Карпалак е силен потсетник да ги одржуваме и да останеме верни на овие вредности“.
Припадниците на Хеликоптерската единица и на Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, кои беа ангажирани во гаснењето на пожарот во Северна Македонија, успешно ја завршија мисијата во совладување на огнената стихија и се вратија во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство, соопшти МЗШВ.
-Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник, соопшти Трипуновски.
Во гаснењето на големиот пожар кој од вчера беснее кај дебарското село Татар Елевци, денеска се вклучени и два „ер трактори“, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде до 36 степени
Ветрот кој непрекинато дува од утрово повторно го разгоре шумскиот пожар помеѓу селата Ореше и Папрадиште што од завчера беснее во реонот на планинскиот масив на Азот во Општина Чашка. Со пожарот е зафатена мешана дабова и букова шума.
Четири пожари се изгаснати и на територија на Општина Гази Баба. Едниот кај ресторанот „Ла Тана“, два на улица „Перо Наков“, од кои едниот во близина на Кванташки пазар и во село Стајковци, кај фарма кон обиколницата, каде гори ниска вегетација.
Покрај запознавањето со нивното досегашно дејствување во реон на Брезница, Ангелов искажал голема благодарност кон Унгарија и особено кон индивидуалниот придонес на унгарските пожарникари во борбата со огнената стихија.
- Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви, тоа е успех и гаранција за македонските оризопроизводители, потенцираше министерот.