Во гаснењето на големиот пожар кој од вчера беснее кај дебарското село Татар Елевци, денеска се вклучени и два „ер трактори“, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.

- Во договор со Центарот за управување со кризи, и Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето на пожарот се вклучија и два „ер трактори“ и се надеваме истиот во текот на денов да го ставиле под контрола. Бидејќи имаше опасност да се прошири до селото, најпрво гасневме на северниот дел, каде е ставен под контрола, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната против пожарна единица.

Додаде дека дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, кои и вчера гаснеа, денеска се ангажирани од наутро од 3 часот.

Станува збор за недостапен предел, стрмен предел, под падините на планината Дешат.

Пожарот до сега зафатил над 30 хектари нискостеблеста шума и трева



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2024 15:32