Во Скопје утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината со појава на краткотрајно невреме.
Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имавме 30 активни пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 20 се целосно изгаснати, а 10 се активни и веќе дел од нив се ставаат под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Првиот човек на штипските пожарникари во штипска Клиничка болница е хоспитализиран синоќа околу 20.30 часот и е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на неодамнешното Европско првенство во Словенија го заврши со пласман на 9 место, по пристигнувањето во Скопје денеска оствари средба со министерот за спорт Борко Ристовски.
Полициски хеликоптер од типот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска дејствуваше на пожар во општина Македонски Брод, меѓу селата Брезница и Тажево, каде гори борова шума.
Повторно да се активира служба за заштита од врнежи од град како во минатото, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари".
Општина Илинден соопшти дека е изграден нов видиковец од бетон во местото Бунарџик, каде жителите ќе имаат можност за одмор и рекреација.
Во Битола почна реконструкција на коловозот на улицата „Индустриска“, важна сообраќајница за градската индустриска зона.
Активен е пожарот меѓу штипските села Пухче и Селце, гори шума на овој потег, а денеска во правец кон селото Селце, информира за МИА, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.