Општина Илинден соопшти дека е изграден нов видиковец од бетон во местото Бунарџик, каде жителите ќе имаат можност за одмор и рекреација. Поставена е урбана опрема - клупи, корпи за отпадоци, просторот e осветлен и хортикултурно ќе се доуредува во наредниот период.
-Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите. Градоначалникот додаде дека со изградбата на видиковецот жителите добија одлично место за посета и рекреација, со поглед кон скопската котлина, информира Општина Илинден.
Во соопштение наведува дека проектот се реализира заедно со општествено одговорни компании и оти и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување простор и поставување нова урбана опрема, засадување зеленило во сите населени места „со цел разувабување на секој дел од Општината“.