Вчера, со гласањето на Талат Џафери за технички премиер, СДС дозволи уште едно понижување на македонскиот народ, само за да си ги спасат фотелјите и коруптивните зделки.
Евидентно е и дека ДУИ владее со СДС, а Ковачевски го моли ДУИ да го поддржат на наредните избори нивниот претседателски кандидат и да имаат заеднички листи на параламентарните избори.
Муцунски додаде дека граѓаните ќе беа еуфорични ако ДУИ реализираше барем една инвестиција во државата.
Досегашниот премиер Димитар Ковачевски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ упати честитки до новоизбраниот состав на Владата, посакувајќи и успешна и ефикасна работа.
Зборот на СДС е дувни ветре развигорче и нема никаква вредност. Со денови се силеа, меѓу кој и Ковачевски дека нема да гласаат за техничка влада која нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, а денес се „нацртаа“ да гласаат за Талат Џафери за премиер.
Ниту оној што стана од фотелјата, ниту овој што ќе седне немаат искрени чувства кон Македонија. И затоа исто како и Ковачевски најлошиот премиер досега не очекувајте ниту од Талат Џафери да биде подобар и да работи за успешна и напредна држава Република Македонија.
СДС за да владее на поклон и ја даде државата на ДУИ и во намерата да си ги сочуваат фотелјите плаќаат скапа цена кај нивните газди во ДУИ.
Ковачевски мора да одговори пред јавноста, дали е точно дека некој, навремено ги известил 10-те водечки лица од кланот Грчец, на чело со Шеваљ Муареми, да избегаат пред лицето на правдата, пред да се спроведе акцијата на МВР, за нивно апсење.
Вчера се случи неуспешен обид за вклучување на Блок 1 во РЕК Битола. Беше потрошен мазут, ангажирани луѓе во ноќните часови, потрошени повеќе од 1 милион евра народни пари за „планско“ вклучување, кое пропадна по само неколку часа, бидејќи Блок 1 беше веднаш исклучен од мрежа!
Секогаш кога говорам со меѓународни претставници кои се присутни во државата или кои остваруваат посета во нашето седиште на партијата вообичаено ме прашуваат па добро што ќе направите, што ќе сторите вие.