Денес поднесуваме по скратена постапка закон за измена на законот за субвенциониран студентски оброк со кој предвидуваме средствата кои што студентите нема да ги искористат во текот на една недела да можат да ги искористат до крајот на наредната недела.
После 5 години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот Дурмо Турс има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека оставката на Ковачевски ја оценува како предвиден законски регулиран потег, а не негова желба.
Уште колку јавни настапи и требаат на Сања Лукаревска да каже по кој основ утврдила висина на данок кај ОКИТНА и ХАНТ ОСОЈ, ако контрола по две години и продадени фирми на непостоечки лица од Косово, УЈП нема пристап до деловните книги?
Денес Димитар Ковачевски си дава оставка, ова е почеток на крајот на СДС и ДУИ! Ковачевски е премиерот кој донесе само понижувања, криминал и корупција. Ковачевски е премиерот кој најмногу ја оддалечи Македонија од ЕУ, го забрза иселувањето и ја зголеми сиромаштијата.
Адио Ковачевски, никогаш повторно на Македонија нема да и се случи да биде водена од Ковачевски или слични нему неспособни кадри, кои ја заглавија државата, донесоа сиромаштија и криминал.
Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа уставните измени додека сум јас претседател, изјави вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека партијата останува на ставот дека нема да ја гласа техничката влада со Талат Џафери како технички премиер, во која ќе имаат свои технички министри.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има многу информации за многу други фирми и тие се објавуваат деновиве на прес конференции.