Стојаноски посочи дека со ова се гледа целокупниот нарав во кој се наоѓа Владата на Република Македонија.
„Прво, 2024-тата почна со поскапа струја за граѓаните. Второ, се раскина договорот за изградбата на Чебрен, за што предупредувавме, а СДС обвинуваше дека наводно шириме невистини и лаги. Народот гладува, а гледаме роденденски журки во владини кабинети“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Никогаш не било полошо. Партискиот правосуден систем повторно приредува театар на апсурдот пред партиските банди на власта.
Скандалот со М-НАВ уште еднаш покажа дека оние кои незаслужено станале обвинители и судии се тие кои ја рушат довербата во правосудството. Загрижувачки е што владата на ДУИ и СДСМ спрема уште стотина такви.
Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку ни повеќе, туку сестрата на неговата сопруга. Покрај сестрата на неговата сопруга, во кабинетот работи и нејзиниот брат.
Само со СДС и ДУИ упад во објект од критична инфраструктура се заташкува и се сведува на помалку од ситна кражба во продавница.
Мицкоски истакна дека партиското и октроирано обвинителство и судство овој случај го поминаа како небаре да станува збор за некој кој позајмил десетина ќебапчиња од ќебапчилница.
Замислете што би се случило кога ваква би рекол бандитска група би упаднала на аеродромот во Вашингтон или на аеродромот во Париз или на аеродромот во Берлин.
Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски рече дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на централниот и на извршен комитет на партијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски".