СДС додека беше на власт крадеше, а сега гледа проблем каде што нема.
Ланецот СДС-ДУИ заедно со алките - правосудство и мазут мафија го краделе народот и со украдените пари ги труеле граѓаните. Оваа спрега деновиве, со случајот мазут мафија, дополнително излезе на површина.
Во изминатите седум години власт на СДС јавноста беше сведок како фирмата на синот на омилениот пратеник на Филипче од ДУИ, Јахоски ги снабдуваше најголемиот дел од јавните институции со мазут.
Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси.
Јаревски говореше за изгласаните интерпелации наменети за петте членови на Судски совет и истакна дека ќе било крајно неодговорно доколку Владата не преземела мерки и чекори во таа насока.
СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза.
Десната рака на Зоран Заев сега предадена и поставена и формално на функција кога претседател е Венко Филипче нема никаков кредибилитет да зборува за реформа од правосудниот сектор.
Знаете како, 2% доверба не е нешто што одеднаш се случува, напротив ова е резултат на многу години погрешни постапки, криминални дејанија во рамки на институциите коишто треба да се борат за владеење на правото, на правдата
Се трудат од сите аспекти да најдат и можеби најминимален аргумент кој што некому ќе му звучи правно поткрепен да го искористат, но забораваат на тоа дека секој носител на јавната функција треба да има една морална и етична вертикала во себе.
СДС во паника и соочен со сопствените скандали, очајнички се обидува да ја префрли вината, но реалноста е повеќе од јасна: одлуката за куќен притвор за синот на пратеникот Исмаил Јахоски ја донесе корумпираното судство на СДС и ДУИ.