Секој ден излегуваат се повеќе информации дека поради пропусти на МВР на Спасовски не бил спречен трагичниот настан со грабнувањето и двојното убиство за кое се осомничени Палевски и неговата група.
ДУИ билa, е и ќе остане неуспешна. Замислете, од Насер Зибери како премиер со целосни овластувања, завршија кај премиерот Талат Џафери кој самиот ќе има административни овластувања.
Тој нагласи дека СДСМ и прави штета на државата што не го прифати нивниот предлог за укинување на проектот „пржинска влада“ за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.
Младите од Коалицијата Европски Сојуз за Промени денеска пред трговскиот центар „Соравија“ во Скопје на мирен протест симболично оставија играчки, мечиња и облека, кои, како што велат, припаѓаат на семејствата кои во меѓувреме ја напуштиле земјата поради корупцијата.
Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ.
На прашањето што доколку ВМРО-ДПМНЕ одбие да биде дел од техничката Влада предводена од Талат Џафери и не предложи министри и заменици-министри, Маркоска одгвоори дека „нема да им успее ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите“.
Доколку Меџити заврши со патувањата низ светот за почеток го охрабруваме да ја информира јавноста за работата на неколку клиники со оглед на тоа дека до нас како Комисија за здравство пристигнуваат информации од вработени за низа нерегуларности.
И по 48 часа од поставените прашања до Спасовски, а со цел разјаснување на дилемата дали убиството на Вања можело да биде спречено, тој молчи.
Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.