Мицкоски потенцираше дека уште некое време политичката сцена ќе се дели со вакви политички маргиналци како Маричиќ, а по дебаклот кој ќе и се случи на власта на парламентарните и претседателски избори, ќе се ослободиме од ваквите маргиналци.
Имајќи предвид дека за неколку месеци од денес ќе имаме влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, таа влада има намера да реализира од централниот буџет да децентрализира отприлика 9 милиони евра годишно само за општина Гази Баба.
Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!
Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи.
Оваа власт на Ковачевски е во очај. Затоа во рок од 6 години подготвуваат нова амнестија со која треба на слобода, а со тоа и на улиците, стотици криминалци на кои веројатно им било ветувано ослободување за да може да им работат во изборна кампања.
Бујар Османи ги потврди ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања во однос на Македонија.
Христијан Мицкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 не сакаше да ја спомене Данела Арсовска, откако градоначалничката на Град Скопје денеска кажа „да продолжи Мицкоски да се занимава со мене, бидејќи така ми го подобрува рејтингот“.
„Ајде на избори. Јас да сум на негово место и да знам дека ВМРО се распаѓа одма идам на избори. Нема потреба да чека. Зошто да чека да се консолидираме? Одма да идеме на избори“, додаде Мицкоски.
СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.
Еднаш со Стан-стефанскиот договор кој со Берлинскиот конгрес е поништен, во тоа време Бугарија воопшто и не е држава и тогаш Русија застанува зад бугарски интереси дозволува Македонија денешна да биде анексирана кон Бугарија.