Според последните официјални податоци, стапката на вработени лица во последното тромесечје од 2017 година е зголемена и изнесува 44.3 отсто, што е повеќе во однос на истиот период од 2016 година кога стапката на вработеност изнесувала 43.5 отсто.
Владата на СДСМ секој ден ја носи македонската економија поблиску до бездната. Економските политики на владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот. Раководењето на СДСМ со буџетската каса за само 9 месеци ги задолжи граѓаните на Македонија незамисливи 1.5 милијарди евра, пари со кои не се започна ниту еден капитален проект.
На конгресот беа донесени и статутот на партијата, платформата и резолуцијата на партијата, која во себе содржи барање до Владата за промена на Уставот, за албанскиот јазик да биде еднаков со македонскиот јазик.
Времето кога одредени поединци не одговараа пред законите, а институциите се обидуваа да ги сокриваат и заташкуваат нивните незаконски дејствувања, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Министерството за внатрешни работи наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот.
Доколку навистина се грижеа за потребите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ досега за време на нивното владеење ќе го изградеа Клиничкиот центар. Но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното владеење целосно го опустоши здравството.
Зоран Заев заедно со министерот за здравство Венко Филипче одлучија да ги остават граѓаните до 2030 година да се лекуваат во застарените објекти, а медицинскиот персонал од Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ и понатаму да работи во несоодветни услови.
По интензивна консултација со стручната јавност, архитектите, лекарите и здруженијата на пациенти, Владата предводена од СДСМ одлучи новиот Клинички центар во Скопје да се изгради на нова локација во Општина Карпош.
Министерот за здравство, Венко Филипче денес бесрамно кажа дека ќе потроши, 300 милиони евра повеќе отколку предвиденото со договорот за изградба на клиничкиот центар на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Процесот „Жан Моне“, инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан е одложен за мај, потврдиле за МИА од канцеларијата на Вајгл.