Функционерот на ДУИ смета дека исто така Транспаренси интернешнл - Македонија требала да побара мислење од ДУИ во врска со наодите.
Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016 и веднаш да го отстрани, како што пишува, споменикот на УЧК , кој е дивоградба во скопската населба Чаир како што го отстрани Ќосето.
Зголемувањето на старосната граница за пензионирање и стапката на придонесите за ПИО, која беше најавена од страна на Зоран Заев е удар врз економијата, работодавачите и работниците.
Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев учествува во Мадрид на самитот на Меѓународната демократска унија (ИДУ), најголемата светска организација на народните, конзервативните и демохристијанските партии.
Жално е што и новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробено во минатото и под силно влијание на ретроградните сили, кои што повеќе од една деценија ја држеа Македонија под заложништво, велат од ЛИДЕМ.
Јавното застанување зад ретроградните политики на Никола Груевски што беа силно поразени од граѓаните, како и терористичкиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ во овој период, покажува дека опозициската партија останува заглавена во сопственото темно минато.
Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето?
Уривањето на спомениците повеќе говори за талибанскиот, деструктивен менталитет на власта, отколку што помага да се прикријат срамните одлуки само дел од неправедно приведените да бидат ослободени од притвор, а да продолжи изживувањето со останатите.
СДСМ руши и уништува. СДСМ е безидејна и ги лечи своите длабоки фрустрации врз државата, граѓаните и имотот на државата.
Затоа овој споменик дивоградба е симбол на насилното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години. Паметник на погрешното, криминалното, спротивното на интересите на граѓаните.