Гледаме дека секој ден националните интереси се продаваат, за жал во Република Македонија имаме и еден прогон, една хунта, каде што треба да не спречат да говориме, да го кажеме нашето мислење и да ги спречат сите европски принципи и она за што ние се залагаме, истакна Владо Мисајловски.
Пратеникот Илија Димовски денеска најави дека ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за употреба на јазиците.
ИК констатираше дека практично не постои ресор во кој што Македонија не назадува и заклучи дека треба да се изготват соодветни стратегии со кои партијата ќе се спротивстави на уништувањето на земјата кое на крајот паѓа на товар на сите граѓани.
Јавното обвинителство втор месец не презема никакви дејствија во истрагата што се води по политички монтираниот случај за тероризам. Ниту се повикуваат и сослушуваат сведоци, ниту се повикуваат и сослушуваат политички притворените патриоти.
Членовите на Централниот совет на движењето Беса што го предводи пратеникот во македонското Собрание Неџбедин Каремани вечерва одржаа состанок во новите простории кои беа отворени во Тетово.
СДСМ продолжува да ги манипулира граѓаните. Чисто политиканство без конкретни нови мерки и преземени активности за решавање на проблемите кои ги мачат граѓаните.
Власта денес од затвор пушти лица осудени на тешки кривични дела додека граѓани кои не сториле ниту прекршок во животот им се монтираат обвиненија за тероризам.
СДСМ спротивно на ставот на експертите, голем број општествени чинители и без присуство на опозицијата во Собранието, одлучи на своја рака, заради нивни политички интереси да го истурка договорот со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ одново покажа дека нема капацитет да ги напушти политиките на изолација, конфликти и поделби во општеството.
Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес.