Мешањето на државата и партијата на изминатите организирани локални избори во Македонија допринесоа да до одредена мера имаме сериозно нарушување на демократскиот принцип на еден изборен процес.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес на МРТ одговара на прашањата на новинарите. Тој потенцира дека негова цел е тој и партијата да му служат исклучиво на народот и државата.
ВМРО-ДПМНЕ претставува бренд и битие на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото често пати била пред предизвиците и претставувала браник на државноста на Република Македонија и во тој дух ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму.
До каков степен дојде СДС и градоначалникот Јован Стојаноски да молчи и глава да не крене од срам. Нивна одлика стана противзаконско работење, брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал.
ВМРО-ДПМНЕ Прилеп апелира до градоначалникот Илија Јованоски и до Зоран Заев дека политичкиот притисок и реваншизам најитно мора да го прекинат.
Проектот на ЕУ за легализација на дивоградбите несомнено има позитивни ефекти, при што голем број на граѓани се стекна со право на сопственост на имот што им припаѓал, се разрешија бројни урбани и комунални прашања и сл.
Притворот наместо како мерка за претпазливост се користи како казна и средство за изживување. Органите на прогонот се користат за монтирање на судски случаи и пресметка со сопствените граѓани кои мислат поинаку.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска од Гостивар рече дека гостиварчани се исклучени од концептот „едно општество за сите“ и додаде дека тоа е само една голема лага.
Демократскиот сојуз смета дека започнатите реформи во правосудниот сектор, службите за безбедност и администрацијата, се добра основа за стабилизирање на состојбите и јакнење на правната сигурност.
Народниот правобранител реагираше на полициската бруталност и непочитување на законите при притворање на уставобранителите. Основното јавно обвинителство и судот молчат за овој срам.