Во Македонија имавме насилие врз полицијата, врз институциите, врз држава од таканаречена „Шарена револуција“.
Хунтата ветуваше реформи, ветуваше економски пораст, живот во Македонија. но, единствено ветување кое истите го исполнија е ветувањето на нивниот лидер Зоран Заев дека ќе јадат живи луѓе, истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вечерва одржа протест пред Кривичниот суд во Скопје во знак на револт од притворањето на пратеници од оваа партија и други лица за учество во настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава.
ВМРО-ДПМНЕ повика на протест пред Основниот суд Скопје 1 во 18 часот, а ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош од 15 до 17 часот.
Прерано е да се суди дали е политички маневар или искрено дадена изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за понудената оставка од лидерското место во партијата, оцени денеска за МИА министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за КУРИР најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата. Порачува дека еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ трет ден одржува протести против приведувањето и притворањето на нивни членови и пратеници поради учество во насилствата во Собранието од 27 април.
Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираа пред Кривичниот суд во Скопје, откако и денеска во периодот од 15 до 17 часот блокираа повеќе скопски крстосници.
Денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е седница на партиска комисија на СДСМ, која не покажа достоинство да биде на нивото на обврската која ја има, а тоа е да се заштити Уставот и уставниот поредок на Република Македонија.
Сите институции се ставени под партиската чизма, а во функција на реваншизмот кој се спроведува. Институциите наместо да го спроведуваат законот, ги спроведуваат партиските наредби.