СДС на дело спρоведува гρуба избоρна злоупотρеба и κρшење на избоρниот заκониκ, а Дρжавната избоρна κомисија се пρави нема и пρодолжува да молчи.
Генералниот секретар на криминогената влада на Зоран Заев, Драги Рашковски ако има грам морал треба да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Индустријата пропаѓа. Пад се забележа и во индустриското производство за цели 5.3% и на извозот за 12%. Тоа ќе придонесе пад на невработеноста и зголемување на сиромаштијата во Македонија.
Владата не дава одговор за што се користат милионските суми кои ги префрлаа на сметките на невладините организации. Не дава одговор кои се тие невладини организации и со што ги заслужиле милионите што им ги дава Тевдовски.
Во споредба со Македонија, со популација од 2 милиони жители, со 22.9% невработеност и со минимална плата од 200 евра, Заев ќе населува 150.000 мигранти што изнесува 7.5% од населението.
Ќе потсетиме тие во својство на функционери платени од државата во министерството за здравство се поставиле и за советници на министерот со што си овозможиле од две места да земаат пари.
Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ остро реагираме и ја осудуваме секоја злоупотреба на службена должност за потребите на кампањата на СДСМ на локалните избори.
Заев декларативно вели одговорност мора да има. Еве одважете се и разрешете го Генералниот секретар на владата Рашковски кој прв го крши законот за спречување на судир на интереси.
Државата со СДС оди кон пропаст. Животот кој го ветуваа дојде, само за функционерите на СДС и пајташите на Заев, за сите останати е беда и сиромаштија.
Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со финансирањето на невладините организации за време на предизборен процес.