Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност.
Власта треба да даде одговор на сите сериозни и сомнителни прашања кои што се поврзуваат со ДУИ и СДС и луѓе блиски до нив кои се дел од сопственичката структура.
Артан Груби ја вработил снаата на Ислам Абази, ЈО за организиран криминал, Шпреса Абази, како помлад соработник во неговото министерство.
Во изјавите на власта на ДУИ и СДС владее какафонија по темата уставни измени. Тоа е резултат на нивниот очај и нервоза, бидејќи насилниот обид спротивен на народната волја, им се удри во ѕид.
СДС води лицемерна и неискрена политика. Ги лажеше граѓаните во струмичкиот регион дека нема да дозволи изградба на рудник во Иловица, но кога Дестани влезе во „Еуромакс ресурсис“ го променија ставот.
Лефков посочи дека со законот за зголемување на ДДВ-то, иако власта уште ја крие листата со производи за кои ќе го дуплираат данокот, а со тоа ќе следи и покачување на нивната цена и за кои викаат дека се луксузни, се и наполитанките и бисквитите.
Лефков додаде дека власта упорно молчи и не реагира на провокациите кои што доаѓаат од страна на Бугарија.
Овој конгрес покажа единство и визија како натаму да ги унапредиме правата на Македонците во Албанија, како на политички така и на економски план.
Впрочем и во ДУИ има разногласие. Едно говори Талат Џафери дека уставните измени може да не се стават на гласање во август, друго говори Бујар Османи. Изгледаат како раштиман оркестар. Нека седнат и нека се договорат прво самите со себе.
Па уште и без срам и перде излегуваа министри во поддршка на граѓаните кои протестираа, а само ден претходно дале согласност за спојување на концесиите и овозможување на изградбата на рудниците.