На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада.
Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и другите од нивниот ранг, претставуваат класична интервенција на ДУИ за вршење притисок врз административниот суд и ова е јасно прекршување на независноста на судството кое го загрозува интегритетот на судскиот и изборниот процес.
Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекуваме да имаме добри и одлични меѓусоседски односи.
Достоинствена беше заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, очекував честитка од јужниот сосед за убедливиот триумф, но за жал, добивме политички мускули, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски.
Идната Влада во Македонија на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера како главен приоритет да го има бизнисот и економскиот развој на Македонија како држава и да работи за доброто на граѓаните.
Мицкоски потенцираше дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да поставува и предлага свои луѓе преку измени во законот, ниту има намера да се меша во овие две тела.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски денеска изјави дека автопатот кон Охрид треба да биде завршен до крајот на 2026 година, а за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции - да се раскине или да се репреговара.
Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во вистинска насока.
Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Ценам дека ваквите настани само додаваат вредност за Македонија како држава и за граѓаните. Тоа што ќе го зборувам во тие минути кои што мене ми се отстапени ќе биде поврзано со иднината, онаа иднина каква што ние како ВМРО-ДПМНЕ ја гледаме за Македонија и за граѓаните, и јас лично.