Денес е Прочка, празник кој ја носи пораката за простување која е фундаментот на Христијанството и вербата во Бога.
Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада.
Стево Пендаровски ја срамеше Македонија во меѓународните односи. Со „љубави“ дипломатијата ја донесе државата до ова дереџе во кое што се наоѓа.
Социјалистичката партија на Македонија укажува на инфантилната теза дека само со СДС и ДУИ државата ќе се европеизира како на уште една лага од многуте што ги искажуваат со години.
Лефков додаде дека на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, при што изрази надеж дека поразените ДУИ, после изборите, нема да се откажат од ова барање и ќе си заминат во политичка пензија.
Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов „љубави“.
Уште една дипломатска шлаканица од нашиот најважен стратешки партнер – САД. Партизацијата на судството има егзекутор и форма, се нарекува хоризонтална и вертикална ДУИ-зација на органите на правдата.
Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како до сега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај.
Стево Пендаровски што и да каже, после тоа си го погазува својот збор. Во 2019 година ветуваше дека ако нема правда нема да има мир. Ветуваше дека тие кои што сториле криминал ќе одговараат неселективно.
Јаневска посочи дека сите нивоа на образование се неделиви, тргнувајќи од предучилишно па оние по дипломирање на студентите, како магистерски, докторски, специјализации.