Прекурзорот бил набавен од страна на македонски државјани од лица од Кина, кои преку Турција пристигнал во Македонија, со крајна дестинација во земји на Европската унија, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога амфетамин и метамфетамин, соопшти Спасовски
Денеска (03.02.2022) во 10.30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Х.(48) од Скопје
На 02.02.2022 во 19.00 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода Ј.Ф.(31) од с.Никиштани, скопско и А.Б.(18) од Република Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Р.Хрватска
Во текот на јануари 2022 полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во тетовскиот регион во редовни и над дваесет акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1607 различни видови неисправности
Отсекот за економски криминал при СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против Н.Б.(45) од Струмица и правен субјект со седиште во Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „даночно затајување“, по член 279 од Кривичниот законик
На 02.02.2022 околу 14.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(48) од Тетово
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 01.02.2022 во 07.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канал во с.Марино, скопско, бил пронајден починат З.Т.(34) од с.Мралино, скопско.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(69) и А.С.(41), двајца од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.
На 01.02.2022 во 19.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле K.A.(30) од Украина, затоа што во 17.30 часот во хостел на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, физички го нападнал сопственикот Б.С.(64) од Скопје.