Вчера на улица“ Реџо Рушит-Зајази“ во Кичево, избувна пожар во куќа сопственост Т.Д.(68) од Кичево. Од огнената стихија била опожарена покривната конструкција од куќата и дел од покуќнината
Полициски службеници од ОВР Неготино синоќа во 22 часот на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на село Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија
Намален е бројот на сообраќајни несреќи со жртви за 25 проценти на подрачјето на Куманово лани во однос на 2020-та година, информираа денеска од СВР Куманово
На 14.01.2022 во селото Праленик, општина Центар Жупа, од страна на полициски службеници од ОВР Дебар е приведен Е.Ј.(35) од селото Праленик
На 14.01.2022 во 14.00 часот во Гостивар од полициски службеници од ОВР Гостивар бил приведен Д.Б.(23) од Гостивар
Во текот на вчерашниот ден (14.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 135 возачи
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 13.01.2022 во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања.
Во текот на 2020 година пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист од А.А. од Струга, го довел и држел во заблуда дека за сума од 72.000 денари ќе му обезбедел оригинална хрватска возачка дозвола.
На 13.01.2022 во 13.20 часот било пријавено дека на потегот помеѓу Струга и с.Калишта настанал пожар покрај брегот на Охридското Езеро, при што била опожарена трска со површина од околу 10.000 м2, сопственост на Република Македонија.