Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(20) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Вчера во 18:58 часот во објект на МРТВ, во Одделение за управни служби при МВР бил нарушен јавниот ред и мир од Х. Ѓ. (46) Скопје, кој се однесувал агресивно и упатувал закани кон вработено лице.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р. М. (45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А. К. (36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Во Полициската станица Аеродром, вчера во 20:30 часот 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.08.2021 била измамена од едно лице.
Во периодот од 08.08. до 11.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово на подрачјето на Тетово и Гостивар извршиле проверки на лица на кои им е издадено решение за изолација и домашно лекување.
На 11.08.2021 година во 15.00 часот на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.З.(20) од с.Арачиново, скопско.
С.С. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 13.08.2021 поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година, во с.Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.