А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година. Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
Денеска (11.10.2021) во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територија на СВР Велес, при што санкционирани се 83 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Поради обид за убиство од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Република Албанија
Во текот на вчерашната вечер (10/11.10.2021) во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 70 возачи
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 29 санкции за возење без возачка дозвола, 14 за возење под дејство на алкохол, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила
Вчера во 16.00 часот полициски службеници ги привеле Е.М.(42) од Тетово и М.Н.(26) од Р.Србија, со престој во тетовско.
На 09.10.2021 во 14.45 часот Ф.Ј.(39) од Р.Австрија, со престојувалиште во Скопје во СВР Скопје пријавила дека околу 11.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, во нејзина близина забележала машко лице како врши самозадоволување на јавно место.
На 09.10.2021 во 12.20 часот Љ.К.(59) пријавил дека на патниот правец од с.Новаци кон Битола, во близина на Француските гробишта, додека се движел со возило, без негово одобрение бил сниман од В.Н., кој управувал друго возило.
На 09.10.2021 во 18.50 часот од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Ј.(45) и С.П.(45), двајцата од Битола, постапувајќи по пријава дека околу 18.30 часот на ул.„Охридска“ во Битола испукале проектил во воздух.