СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.В.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама при добивање на кредит“.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.Д.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
На 29.09.2021 во 00.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(39) од Скопје пријавила дека на 28.09.2021 околу 15.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош нејзината малолетна ќерка, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот татко И.Ј.
На 28.09.2021 во 11.30 часот во СВР Скопје, З.С.(63) од Скопје пријавил дека околу 09.55 часот во катна гаража на подрачје на Центар, каде бил вработен, бил физички нападнат од неговиот колега Г.С..
Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска изјави дека утрово во 5 часот е лишена од слобода 23-годишната П.И. под сомение дека му нанела убодна рана на невенчаниот сопруг.
По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против 35-годишна скопјанка која се товари за шест кривични дела „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.
На 28.09.2021 во 23.30 часот на ул.„Васка Петковска“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.И. (35) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.
Основното јавно обвинителство – Гостивар инфромира дека поднело обвинителен акт против едно лице за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.