Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.
Несреќата се случи меѓу Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот. Загинаа 14 лица, а 37 се повредени, од кои седум се во тешка здравствена состојба. Автобусот на Дурмо турс сообраќал на релација Скопје-Гостивар.
Шестмина повредени, од кои четворица во Градската општа болница „8 Септември“ и двајца на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се уште се во критична состојба по вчерашната несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, изјавија за МИА од двете јавни здравствени установи.
Три лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.
Организаторите нa криминалните групи за трговија со луѓе веќе користат нови модуси за присилба на жртвите, многу пософистицирани и перфидни, со кои се прави самите жртви да не го препознаат, да не се чувствуваат како такви, и да не сакаат да соработуваат за откривање и покренување постапки против експлоататорите.
Екипи од брза помош, против-пожарна служба, полиција, војска, специјални единици, хеликоптер на АРМ, како и огромен број локални жители ја спроведуваа тешката спасувачка акција со цел во што поголем број да ги извлечат повредените лица, како и телата на загинатите.
Како што соопшти вечерва премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, бројката на починати се искачи на 14, а шест се борат за живот.
Страотна слика на местото на настанот каде вечерва се случи смртносната автобуска сообраќајна несреќа.
Меѓу починатите, како што потврди СДСМ, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски.
Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.