-Вкупно 32 повредени се примени во нашата болница, од кои четворица се на интензивна нега, во критична состојба, а еден е пренесен на торакална хирургија, информира Костов.
- Сечевме делови автобусот за да спасиме луѓе. Слушавме плач беше многу страшна слика. 25 луѓе пренесовме со приватни автомобили до болница. Се плашевме да не експлодира автобусот зошто мирисаше на нафта, вели во изјава за Телма претседателот на месната заедница на селото Лекарци.
Очевидците пак на страотната несреќа велат дека селаните први излегле да помогнат по превртувањето на автобусот, а кога дошле пожарникарите тие со багери им помогнале да го превртат автобусот за да можат што побрзо да ги извлечат луѓето, велат извори за Макпрес.
Истакна дека подетални информации за сообраќајната несреќа ќе бидат соопштени подоцна.
Ова е жален ден за цела Македонија. Се случи трагедија, се преврте автобус што превезувал луѓе за Гостивар и претежно повредените се гостиварци, изјави вечерва градоначалникот на Гостивар
Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина.
-Го знаеме идентитетот на пациентите што се примени свесни, а во моментов полицијата работи на утврдување на останатите. Нема деца меѓу повредените, но има лица на 25-30 години, информира Филипче.
Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Најмалку 10 жртви и над 30 повредени лица има во страотната сообраќајна несреќа што попладнево во 17 часот се случи на автопатот Скопје - Тетово кога автобус полн со патници излета од патот кај село Ласкарци.
Петмина жртви има сообраќајната несреќа која, се случи денеска околу 17 часот на автопатот Скопје-Тетово, кога автобус полн со патници се преврте кај селото Ласкарци во близина на Карпалак.