Ноќва (26.09.2021) околу 01.10 часот во близина на манастирчето во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“.

По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2021 13:22