На 19.09.2021 во 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, трактор „имт 533“, управуван од М.В.(68) од с.Горобинци излетал од патот.
На 21.09.2021 во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на пругата Згрополци-Велес настанал пожар во локомотива од воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје.
Во ОВР Дебар на 19 септември 2021 година било пријавено дека во месноста „Венец“ на брегот на Дебарското Езеро биле пронајдени експлозивни направи.
Тетовската полиција информира дека е расчистен случајот со пукањето во објектот на средното теолошко училиште во градот кое беше пријавено вчера. За истрелите ќе биде поднесена кривична пријава за 41-годишен жител на Тетово.
Пожарот што вечерва избувна во напуштена куќа на адвокатската улица позади ресторанот „Стара куќа“ е изгаснат. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје интервенираше со три противпожарни возила и со уште едно возило за дотур на вода.
Вечерва по 21 часот избувна пожар во стар објект во адвокатската улица во Скопје.
Штипските полицајци го фатија разбојникот кој на дрзок начин им го крадеше златниот накит на повозрасни жени низ улиците во Штип.
Кумановец бил нападнат и ограбен од две лица, соопшти денеска СВР Куманово. Утрово, во 05:12 часот во СВР Куманово, вработена на бензинска пумпа на улица „Индустриска“ пријавила дека кај нив има повредено лице.
Денеска (21 .09.2021) околу 09.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(47) од Скопје