Во близина на кумановското село Табановце, пронајден е мртов 20 годишен државјанин на Сирија. На телото нема траги од насилство, соопштија од СВР Куманово
На 19.09.2021 околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари
Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 451 возач
Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик
Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско
Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 86 возачи
Во текот на вчерашниот ден (19.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возило
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 21 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила
Љ.К.(71) од Скопје вчера во 13.15 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на ул.„Орце Николов“, пред влезот во Управен суд – Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое според пријавителот е вработено во судската полиција.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција деенска во 13 часот на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.Б.(32) од скопското село Грчец за кого била распишана централна потерница за истрага.