Вчера околу 10.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот Кичево- Охрид, на излезот од градот во населба „Горица“, патничко возило марка БМВ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.С. (51) удрило во постара жена со исти иницијали.
Тој, на 13.05.2021 година на социјалната мрежа Facebook, по објава на текст на електронски медум, постирал недоличен коментар со што, промовира и поттикнувал омраза кон определена група или поединец.
На 14.09.2021 околу 22.00 часот во маркет на ул.„Јане Сандански“ во Тетово тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица.
Зголемен број интервенции на беровската полиција во изминатото деноноќие. Поради агресивно однесување кон полициски службеник, 41 годишен беровчанец приведен во Полициската станица.
Во Полициската станица Бит-пазар денеска бил извршен службен разговор со В.А.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба” извршена во текот на јуни 2021 година.
Германскиот фудбалски репрезентативец Леон Горецка дополнително ја зацврсти својата врска со Баерн Минхен, обврзувајќи се на верност кон клубот до 2026 година.
Денеска (16.09.) во периодот од 08 до 14 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 66 возачи.
На 16.09.2021 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.Г.(20) и Ј.П.(21), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво.
Од ОЈО информираат дека постои основано сомнение дека лицето во станот во кој живее и во станот на неговиот покоен дедо во Скопје недозволено одгледувал, преработувал и држел за продажба наркотична дрога – марихуана.