На 12.09.2021 во 17.30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с.Батинци го лишиле од слобода Д.Р.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана
Денеска (13.09.2021) во 09.35 часот на ул.„Трета Македонска бригада" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим - Потраги ја лишиле од слобода О.Л.(37) од Скопје, која се барала по потерница од Основен Суд - Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик
Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 379 возачи
Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 155 возачи
Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возила
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 21 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол
На 12.09.2021 во 13.00 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода А.Б.(33) од с.Арачиново, скопско, кој со потерница се барал за издржување на казна затвор во траење од 18 месеци, поради сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл.418-б од Кривичен законик
Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата
Во текот на вчерашниот ден (11.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 520 возачи
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 133 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол